Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и наложи на федералната влада на САД да купи хипотекарни обврзници во вредност од 200 милијарди долари.

Овој потег, според Трамп, ќе помогне во намалување на каматните стапки на хипотеките, а доаѓа во момент кога Американците се загрижени за цените на недвижностите, пренесува Асошиејтед прес.

Американската администрација планира со намалување на каматните стапки на хипотеките да ги направи купувањата куќи и сатнови попристапни. Белата куќа не прецизира која е временската рамка предвидена за купување на обврзниците.

 

 

Слични новости