Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека САД ја нападнале иранската фрегата Дена. Тој рече дека фрегатата Дена со околу 130 морнари била гостин на индиската морнарица и дека била нападната без никакво претходно предупердување.

Аракчи изјави дека „Сад горко ќе се каат поради преседанот што го воспоставија“.

Нападот врз фрегатата Дена бил изведен од американска подморница која го погодила бродот кај облата на Шри Ланка, оддалечена илјадници километри од Перискиот залив.  

Слични новости

Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници

Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.

Путин и Си Џинпинг разговараа за зајакнување на соработката меѓу Русија и Кина

Путин истакна дека трговската размена меѓу Русија и Кина надмина 200 милијарди долари трета година по ред, додавајќи дека сеопфатното партнерство и стратешката интеракција на двете земји служат како пример за меѓународна соработка.