Високите претставници на Соединетите држави ќе се сретнат со украинска делегација во Саудиска Арабија во вторник за да утврдат дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки за Русија за да ја прекине војната, изјавија двајца официјални лица, пренесува Reuters.
Членовите на американската делегација се заинтересирани и за тоа дали Украинците навистина сакаат подобрување на односите со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјавија двајца официјални лица за Reuters под услов да останат анонимни, по неодамнешната средба меѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата куќа, која брзо се претвори во караниа пред камерите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и пратеникот на Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф се упатуваат во саудиска Џеда на билатерални разговори со Украинците. Украинската делегација ја предводи Ондриј Јермак, главен помошник на претседателот Володомир Зеленски.

„Не можете да зборувате дека сакате мир, а потоа да одбиете да правите компромиси околу сешто“, рекол еден американски функционер пред разговорите.
„Сакаме да откриеме дали Украинците се заинтересирани не само за мир, туку и за вистински мир“, рекол друг функционер. „Ако ги интересираат само границите од 2014 или 2022 година, тоа ви кажува нешто“, додал тој.
Американскиот претседател Трамп е оптимист во пресрет на закажаната средба. „Верувам дека ќе постигнеме голем напредок оваа седмица“, рече тој во изјавата за новинарите.
Европските земји забележуваат дека само зајакната Украина, со цврста поддршка на нејзините сојузници, може да потпише договор со Русија и дека Киев не треба да брза на преговарачка маса со агресорот.
Зеленски тврди дека рускиот претседател Владимир Путин не сака мир и не ја исклучи можноста од маводни руски напад врз други европски земји доколку инвазијата на Украина не резултира со јасен пораз за Русија.
Сепак, Трамп последните седмици не ја крие фрустрацијата од однесувањето на Киев, посочувајќи дека Укриана веќе нема луѓе кои би ги испратила на боиштето како и други неопходни ресурси, па затоа треба итно да седне на маса со Русија.
Неговата администрација ја прекина испораката на оружје и го прекина на неколку дена споделувањето разузнавачки информации со Киев што во неделата беше обновено, како што изјави и самиот Трамп и повеќе извори. Тој ги обвини Украинците дека не се доволно посветени на потенцијалниот мировен процес.
Сепак, Трамп во неделата објави дека САД штотуку ставиле крај на суспензијата на споделувањето разузнавачки информации.
Критичарите предупредуваат дека потезите на американскиот претседател наводно носат ризик да го продолжат вооружениот конфликт во овој дел Источна Европа со зајакнување на позициите на Русија, а со тоа да се намали веројатноста дека „агресорот ќе го остави оружјето за да се постигне мировен договор“.
Руските трупи од минатото лето напредуваат со бавно темпо но континуирано во источна Украина каде заземаа стратешки одбранбени позиции на украинската војска, додека десетиците илјадници украински војници со големи жртви во жива сила и техника, кои влегоа во Курск минатото лето, се опколени од руски војници.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Брајан Хјуз го истакна напредокот на украинскиот претседател во подобрувањето на односите со САД, по неговата средба со Трамп на последниот ден од февруари.
„Со состаноците во Саудиска Арабија оваа седмица, со нетрпение очекуваме да слушнеме позитивни акции кои се надеваме дека конечно ќе стават крај на оваа брутална војна и крвопролевање“, рече Хјуз.
Пратеникот за Блискиот исток, Виткоф претходно изјави дека очекува дискусија за „рамка“ во која ќе се постигне прекин на огнот.
Двете делегации во Саудиска Арабија ќе разговараат и за договорот за минерални суровини со кој на САД им се овозможува пристап до одредени минерални ресурси во Украина, како начин на осигурвуање дека американската воена помош од стотици милијарди долари ќе биде вратена и во замена за американска безбедносна гаранција за Киев. Зеленски и Трамп требаше да го потпишат договорот за време на посетата на украинскиот претседател на Вашингтон, но по нивната жестока расправија тоа не се случи.
Слични новости
Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност
Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии
Гренланд излегува на гласање покрај желбите на Трамп за преземање на островот
Жителите на Гренланд денеска ќе газат преку снег и мраз за да гласаат на избори кои би можеле да се покажат како едни од најзначајните во историјата на арктичкиот остров, најголемиот во светот, пишува Politico