Соединетите Американски Држави и забранија на Велика Британија да ги споделува со Киев податоците на американската разузнавачка служба, во согласност со прекинот на американската воена помош за Украина, објави британскиот весник „Дејли меил“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Според пишувањето на весникот, забраната се однесува ма Управата за комуникации на Велика Британија, специјалната служба и разузнавачката единица во британското министерство за одбрана.

САД сериозно ќе го контролираат доставувањето на разузнавачките информации за Украина преку нивната агенција стационирана во Киев.

Според медиумските извештаи во САД американските испораки за Украина се запрени во вторник околу 14 и 30 часот според средноервопско време.

Белата куќа, како што соопшти нејзиниот портпарол,  ја прекинува сета воена помош за Украина се додека американскиот претседател Доналд Трамп не заклучи дека Киев е сериозно посветен на мировните преговори.

Слични новости

Шефот на иранската дипломатија вели дека сè уште нема услови за разговори со САД

Шефот на иранската дипломатија вели дека сè уште нема услови за разговори со САД

Разговорите со Соединетите држави повеќе не се можни освен доколку не се променат одредени работи, ја цитираат во неделата иранските државни медиуми изјавата на министерот за надворешни работи Абас Аракчи, додека Вашингтон чека одговор на поканата за преговори за нов нуклеарен договор