Американските воени претставници го отфрлија во Киев предлогот на европските дипломати дополнително да се зголеми притисокот врз Русија за да се забрза постигнувањето на мировниот договор во Украина, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на учесници во разговорите.
Амбасадорите на ЕУ сметаа дека наместо понудената рамка, треба да се засили притисокот врз Москва, но Американците им одговориле дека предложените услови се најмногу на што Украина реално може да се надева, пишува весникот.
Европските дипломати велат дека ситуацијата за Киев и Брисел е потешка од она што се претпоставуваше и откри длабоки поделби меѓу Еврпа и САД. Во Украина беше објавен докумнетот од 28 точки за окончување на војната на американскиот претседател Доналд Трамп кој Киев го оценува како неприфатлив.
Од друга страна официјален Вашингтон очекува украинскиот претседатрел да го потпише документот до 27 ноември, а Москва го прифаќа предлогот со извесни резерви.
Планот предвидува Украина да не биде членка на НАТО, да се утврдат новите граници со кои Донбас би и припаднал на Русија, како и ограничувања за украинската војска во персонал и оружје.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


