Американскиот конгломерат „BlackRock“ има намера да привлече нова генерација Европејци и нивни инвестиции, особено во Источна Европа, со проширена понуда на финансиски производи, изјави директорот на американскиот инвестициски гигант за Reuters, надоврзувајќи се на новите планови на Европската унија за штедење на домаќинствата.

„BlackRock“ сака да склучи повеќе договори со европските банки за да дистрибуира поширок опсег на инвестициски производи за да привлече милиони нови европски инвеститори, рече главниот извршен директор Стивен Коен.

„Европа започна како култура на штедење, а не како култура на инвестиции. Тоа го менува сега, и тоа доста радикално“, додаде Коен.

Американскиот фонд за управување со средства е најголем во светот и веќе соработува со британските банки „Lloyds“ и „Monzo“, а сега ги истражува можностите за нови договори за дистрибуција на инвестициски производи, особено на пазарите каде што е помалку познат, како оние во источна Европа, објасни шефот на „BlackRock“, несакајќи да навлегува во детали.

Активата на европската филијала на „BlackRock“, „iShares“, достигна вредност од трилион долари во февруари, рече тој.

Во рок од три години американскиот фонд сака да го удвои бројот на клиенти на европскиот пазар, на 19 милиони.

Изјавата на челникот на „BlackRock“ се надоврзува на објавувањето на планот на Европската комисија за формирање „Унијата на штедење и инвестиции“. Целта е да се „подобри“ механизмите со кои финансискиот систем на ЕУ „ги канализира заштедите во продуктивни инвестиции“, се вели во соопштението на ЕК објавено во средата.

Граѓаните треба да добијат поширок пристап до пазарите на капитал, а компаниите да имаат подобри можности за финансирање, објаснуваат во Брисел.

Домаќинствата во ЕУ имаат заштеди на банкарски сметки. Приближно 70 отсто од заштедите на граѓаните на ЕУ, од околу 10 трилиони евра, се депонирани на банкарски сметки, а само 30 отсто на инструменти на пазарот на капитал, велат тие.

Нивните заштеди во банките се сигурни и достапни, но обично даваат помал принос од инвестициите на пазарите на капитал, нагласуваат од Комисијата.

„Европејците се меѓу најдобрите штедачи во светот, но нивните заштеди во голема мера се ставени на депозитни сметки со ниски камати. Во исто време, Европа не успева да ги задоволи своите инвестициски потреби“, нагласи еврокомесарот за финансиски услуги и за Унијат на штедење и вложувања, Марија Луис Албакерке.

На ЕУ ќе ѝ требаат дополнителни 750 до 800 милијарди евра инвестиции годишно до 2030 година, со очекувано „дополнително влијание од зголемените потреби за одбраната“, така што Унијата за штедење и вложување се обидува да го реши јазот меѓу потребите за штедење и инвестиции преку подобрена ефикасност и обем на инвестиции преку банкарството и пазарите на капитал.

„BlackRock“ и другите фондови кои го „следат“ движењето на цели берзански индекси наместо поединечни акции, обврзници и други финансиски средства, понекогаш купувајќи репрезентативни примероци од нивните компоненти, доминираа на европскиот инвестициски пазар последниве години, потиснувајќи ги локалните менаџери, забележува Reuters.

Американскиот гигант во моментов има пазарен удел од 43 отсто во европските индексни фондови ЕТF, преку својот огранок „iShares“.

Тие сега имаат намера, според Коен, да ја испитаат можноста за пласирање повеќе ETF на обврзници и насочени индекси кои следат помалку акции за да се приспособат на промената во побарувачката на клиентите.

globe

Слични новости

„Nestlé“ го намалува производството во Германија

„Nestlé“ го намалува производството во Германија

Швајцарскиот прехранбен гигант „Nestlé“ најави намалување на производствениот капацитет во Германија, наведувајќи ја зголемената чувствителност на цените на клиентите и повисоките трошоци за производство

Цените на нафтата стабилни на 72 долари

Цените на нафтата стабилни на 72 долари

Цените на нафтата се задржаа стабилни на 72 долари на меѓународните пазари во петокот, балансирајќи меѓу проценките дека новите американски санкции ќе го намалат извозот на иранска нафта и индициите дека водечките производители го прекршуваат договорот за контрола на снабдувањето

Европските берзи во црвено

Европските берзи во црвено

Европските берзи паднаа во петокот во претпладневното тргување предводени од падот на цените на акциите на авиокомпаниите, откако пожарот на лондонскиот аеродром Хитроу ги запре сите летови на еден од најпрометните аеродроми во светот