Цените на нафтата надминаа 65 долари на меѓународните пазари во четвртокот, што ги одразува стравувањата на трговците за руските испораки на нафта поради санкциите на САД врз руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“.

На лондонскиот пазар, цената на барел во попладневното тргување беше за 2,7 долари повисока од вчерашното затворање, на 65,29 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по цена повисока за 2,76 долари од вчера, на 61,26 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPECК) засебно денеска објави дека во средата барлот од референтната кошничка сурова нафта од нејзините земји-членки се зголеми за 1,32 долари за барел на 63,36 долари.

Трговците беа изненадени во средата навечер од санкциите на САД врз руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“, кои заедно произведуваат повеќе од 5 отсто од светската нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави и дека го откажал планираниот самит со својот руски колега Владимир Путин бидејќи разговорите за војната во Украина не ги дадоа резултатите што тој ги сакаше.

„Сакам брзо да ги укинам санкциите“, додаде Трамп бидејќи тие ја загрозуваат доминантната улога на доларот во глобалната трговија, преку честите барања на Русија купувачите да плаќаат за нафта во други валути.

Санкциите на Вашингтон врз „Росњефт“ и „Лукоил“ имаат за цел да ги намалат приходите на Русија од нафта и гас, кои сочинуваат околу една четвртина од рускиот буџет. Но, Москва го оданочува производството а не извозот, што веројатно ќе го ублажи непосредното влијание на санкциите врз државните финансии.

Москва одговори дека санкциите се контрапродуктивни за потрагата по мир во Украина, а портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Русија развила „силен имунитет“ на ваквите мерки.

Трговците, сепак, стравуваат дека санкциите ќе го отежнат снабдувањето на Кина и Индија, главните купувачи на руска нафта. Русија ги пренасочи повеќето од своите барели од Европа кон Азија поради ограничувањето на цените во Г7.

Загриженоста за снабдувањето со руска нафта е зголемена од знаците за поголема побарувачка во САД. Залихите на сурова нафта се намалија за милион барели минатата седмица, додека залихите на бензин се намалија за 2,1 милион барели. Залихите на дизел и масло за греење исто така значително се намалија, за 1,5 милиони барели.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица