Настојувајќи да ја обнови партијата по поразот на изборите од Доналд Трамп во ноември, Демократскиот национален комитет (DNC) во саботата го избра Кен Марин, лидерот на партијата во Минесота, за нов претседател.
Мартин ќе има задача да ја врати на вистинскиот пат деморализираната Демократска партија, која не само што ја загуби контролата над Белата куќа во ноември минатата година, туку и не успеа да освои ниту еден дом на Конгресот. Оттогаш, партијата, без јасна стратегија, се мачи да одговори на баражот извршни наредби на Трамп, од кои многу ја поништија политиката на поранешниот претседател Џо Бајден.
Како долгорочен стратег на Демократската партија на Минесота, Мартин повика на обновување и зајакнување на партијата за поуспешна борба во битките низ целата земја. Тој во првиот круг на гласање го победи актуелниот демократски претседател Бен Виклер од Висконсин.
„Денешните избори означуваат ново поглавје во раководството на DNC, а Доналд Трамп и неговите сојузници милијардери добија порака: ќе ги сметаме одговорни за нивниот грабеж на работничките семејства и ќе ги победиме на гласачките места“, рече Мартин.
Слични новости
Италијански суд повторно го блокираше притворањето мигранти во Албанија
Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, велат изворите на Reuters, што е...
Бела куќа: Од сабота на сила стапуваат царините за Канада, Мексико и Кина
Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит
Германија: Отфрлен предлог-законот за ограничување на имиграцијата на демохристијаните
По жестоката дебата во петокот, Бундестагот го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија CDU/CSU за намалување на напливот мигранти кои немаат право на азил