Лукоил донесе одлука да го продаде својот имот во странство, откако американското министерство за финансии на крајот од октомври воведе санкции против руската компанија.

Потенцијални купувачи на имотот на Лукоил во странство се американските компании „Шеврон“ и приватната инвестициска група „Квантум Енерџи партнерс“, објави Фајненшал тајмс.

Според изворите на фајненешал тајмс двете американски компании ги здруѓија силите за да поднесат понуда за имотот на руската нафтена компанија Лукоил во странство, чија вредност е проценета на 22 милијарди долари.

Шеврон е една од најголемите енергетски компании во светот, а неговото портфолиот ги вклучува и брендовите Тексако и Колтекс.

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.