Повеќе водечки американски бизнисмени, кои допатуваа во посета на Пекинг заедно со претседателот на САД Доналд Трамп, ги оценија состаноците одржани во Кина како многу добри и продуктивни.
Меѓу извршните директори кои беа видени како ја напуштаат Големата сала на народот беа извршниот директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, и директорот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг.
На новинарско прашање како поминале состаноците, Маск одговори: „прекрасно“, додавајќи дека се постигнати „многу добри работи“. Кук на новинарите им го покажа знакот за мир и подигна палец нагоре, додека Хуанг изјави дека „состаноците поминале добро“.
По двочасовната билатерална средба со Трамп, СИ се сретна и со американските бизнисмени, јави Би-Би-Си.
Тој рече дека вратата на Кина само пошироко ќе се отвора за американските бизниси, додавајќи дека американските фирми ќе имаат пошироки перспективи во земјата.
Слични новости
Руте: НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира
НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира, порача генералниот секретар Марк Руте од Подгорица, предупредувајќи дека во регионот постојат актери што се обидуваат да создадат нестабилност
СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апарати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече „ѓубре“ кое што не го дочитал до крај.


