Повеќе водечки американски бизнисмени, кои допатуваа во посета на Пекинг заедно со претседателот на САД Доналд Трамп, ги оценија состаноците одржани во Кина како многу добри и продуктивни.

Меѓу извршните директори кои беа видени како ја напуштаат Големата сала на народот беа извршниот директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, и директорот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг.

На новинарско прашање како поминале состаноците, Маск одговори: „прекрасно“, додавајќи дека се постигнати многу добри работи. Кук на новинарите им го покажа знакот за мир и подигна палец нагоре, додека Хуанг изјави дека состаноците поминале добро“.

 По двочасовната билатерална средба со Трамп, СИ се сретна и со американските бизнисмени, јави Би-Би-Си.

Тој рече дека вратата на Кина само пошироко ќе се отвора за американските бизниси, додавајќи дека американските фирми ќе имаат пошироки перспективи во земјата.

 

Слични новости