Американските акции на берзите стагнираа додека инвеститорите ја проценуваат можноста од повторно отварање на Ормутскиот теснец, но и натаму се сомневаат дали САД и Иран ќе постигнат договор за окончување на војната. „Дау Џонс“ и „Насдак“ стагнираа, а С и П 500, порасна за незначително 0,1 насто, пренесе американската телевизиска мрежа Си-Ен-Би-Си.
Најголем раст на берзата имаше компанијата за производство на најнапредни чипови Енидија чии акции пораснаа за 1 насто, откако компанијата соопшти дека собрала повеќе од 500 милијарди долари за инфратсруктура потребна за развојот на вештачката интелигенција.
На пазарот на нафта немаше големи промени, откако со американската лесна нафта ВТИ се тргуваше за 82 долари за барел, а Брент ја задржа цената од 87 долари за барел.
Слични новости
Трамп: Дивидендите на Американците ќе им бидат исплатени и покрај критиките на демократите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе дојде до најавената исплата на дивиденди во вредност од 5.000 долари на секој американски полнолетен граѓанин, доколку Републиканската партија победи на претстојните меѓуизбори.
Нафтата поевтини поради очекувања на преговори меѓу Иран и земјите од Персискиот залив
Цената на сировата нафта Брент падна под 105 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ падна на под 100 долари за барел, откако иранските државни медиуми објавија дека се планираат разговори со земјите од Персискиот залив во Оман.
Европската централна банка би можела повторно да ги качи каматите во октомври
Официјални претставници на Европската централна банка очекуваат натамошно зголемување на каматните стапки, при што новото зголемување би можело да се очекува уште наредниот месец, додека инфлацијата која и натаму изнесува над 3 насто и натаму претставува причина за заострување на монетарната политика.


