Американските берџзански индекси пораснаа откако новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД во јули беше во согласност со очекувањата, што дополнително го намали притисокот врз Федералните резерви повторно да ги покачат каматните стапки.
Индустрискиот индекс Дау Џоунс остана непроменет, но технолошката берза Насдак порасна за 0,5 насто.
Годишната потрошувачка инфлација во САД забави од јунските 3,5 на 3,4 насто во јули, објави американската Канцеларија за статистика .
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

