Американските берзи забележаа нов раст, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран „се одвиваат добро“.

Оптимизмот околу можен договор за прекин на конфликтот со Иран позитивно влијаеше врз финансиските пазари.Индексот S&P 500 порасна за 0,6 отсто, додека Nasdaq достигна нов рекорд со раст од 1,2 проценти.

Во исто време, Дау Џонс забележа мал пад од 0,2 отсто.

На пазарот на обврзници, приносите на американските државни хартии од вредност се намалија поради надежите дека евентуален договор со Иран би можел да го подобри снабдувањето со нафта и да го намали инфлаторниот притисок на глобално ниво.

 

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран