Американските берзански индекси пораснаа, а за време на тргувањето на берзите Си П 500 и Насдак достигнаа нови историски максимуми.
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Порасна и индустриската берза Дау Џоунс за 0,5 насто, додека С и П порасна за 0,7 насто.
Растот на берзите се случува и покрај проценките на американската управа за енергетски информации дека цената на нафтата Брент во последниот квартал на оваа година ќе изнесува преку 105 долари за барел, што е за 14 долари повеќе од претходните проекции.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.