
Вредностите на американските акции нагло паднаа, особено откако Иран воздушните напади на Израел ги смета за објава на војна и одговори со ракетни удари.
Израелските напади беа усмерени на иранската нуклеарна и воена инфраструктура, што ги ескалираше геополитичките тензии и многу влијаеше врз берзите, пренесува Трејдинг економикс.
Во Соединетите Американски Држави, берзанскиот индекс Dow Jones падна за повеќе од 800 поени, или за околу 2 насто, додека S&P 500 и Nasdaq, паднаа за околу 1 насто.
Слични новости
Италијанскиот извоз падна за 2,8 насто во април
Агенцијата АНСА наведува дека падот на извозот пред се се должи на намалување на продажбата во земјите надвор од ЕУ, кој опадна за 7 насто.
Германската економија би можела да има раст од 1,5 насто во 2026
Германската економија би можела да ја надмине својата тригодишна криза во 2026, кога германскиот БДП би требало да порасне за 1,5 насто, проценува германскиот институт ИФО.
Цените на нафтата забележаа најголем скок во последните неколку години поради страв од војна
Цената на Брентот, меѓународниот референтен стандард за нафта порасна за 4,3 насто на 72,40 долари по барел, додека американската нафта ВТИ скокна за 5 насто на 71,40 долари по барел.