Вредностите на американските акции нагло паднаа, особено откако Иран воздушните напади на Израел ги смета за објава на војна и одговори со ракетни удари.

Израелските напади беа усмерени на иранската нуклеарна и воена инфраструктура, што ги ескалираше геополитичките тензии и многу влијаеше врз берзите, пренесува Трејдинг економикс.

Во Соединетите Американски Држави, берзанскиот индекс Dow Jones падна за повеќе од 800 поени, или за околу 2 насто, додека S&P 500 и Nasdaq, паднаа за околу 1 насто.

 

 

Слични новости