Акциите на американските берзи завршија во минус, откако извештајот за вработувањата во САД за август покажа значително поголем пораст на бројот на вработените од очекувањата.

Тоа ги зголеми проценките дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки на наредниот состанок, пренесе Си Ен Би Си.

Берзанскиот индекс Си П 500 ослабна за 0,4 насто, како и Насдак, додека Дау Џоунс падна за 0,5 проценти.

Слични новости

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.