Акциите на американските берзи синоќа паднаа откако претседателот на Федералните резерви Кевин Ворш изрази загриженост поради движењето на инфлацијата.
Берзанскиот индекс на Си П 500 ослабна за 0,3 насто, НАСДАК падна за 0,5 насто, а Дау Џоунс за 0,1 насто, пренесе американската телевизиска мрежа Си Ен Би Си.
Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.
Лондонски Хитроу ја загуби титулата на најпрометен аеродром во Европа
Лондонскиот Хитроу во јули ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако низ неговите терминали поминаа 7,86 милиони патници, додека на аеродромот во Истанбул минаа 8,15 милиони патници.
Европските берзи пркосат и покрај предвидувањата за војна и стагфлација
Европските берзи на акции оваа година бележат силен раст и покрај раните очекувањеа дека војната на Блискиот исток ќе предизвика стагфлација во...


