Американските акции пораснаа, пред се затоа што инвеститорите повторно вложуваа во технолошкиот сектор.
Ова се случува по минатонеделниот пад предизвикан од загриженоста поради инвестирањата во вештачката интелигенција, пренесе телевизијата Си Ен Би Си.
Индексот на технолошката берза Насдак порасна за 1,3 насто, индексот на најуспешните 500 компании С и П 500 порасна за 0,6 насто, а индустриската берза Дау Џоунс остана непроменета.
Најмногу пораснаа акциите на компанијата Интел која произведува чипови 4 проценти.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.