Американските акции пораснаа, пред се затоа што инвеститорите повторно вложуваа во технолошкиот сектор.
Ова се случува по минатонеделниот пад предизвикан од загриженоста поради инвестирањата во вештачката интелигенција, пренесе телевизијата Си Ен Би Си.
Индексот на технолошката берза Насдак порасна за 1,3 насто, индексот на најуспешните 500 компании С и П 500 порасна за 0,6 насто, а индустриската берза Дау Џоунс остана непроменета.
Најмногу пораснаа акциите на компанијата Интел која произведува чипови 4 проценти.
Слични новости
Канада ќе возврати со контрацарини, трговската „војна“ со САД ескалира
Карни најави дека канадските контрамерки ќе стапат во сила на 8 септември и ќе бидат насочени кон американски производи од повеќе сектори, вклучително и челик, млечни производи и електроника.
Цените на горивата во Европската унија во јули пораснаа за 16,8 насто меѓугодишно
Цените на горивата во Европската унија во јули се повисоки за 16,9 насто во однос на јули минатата година, покажуваат податоците на Евростат.
Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто
Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.


