Акциите на американските берзи синоќа го завршија тргувањето главно во плус, пред се поради растот во технолошкиот сектор.
Инвеститорите се вратија на купувањето акции на големите технолошки компании по неодамнешниот пад, додека ги следеа резултатите за изборите во американскиот Конгрес и Сенат, пренесува Си Ен Би Си.
Технолошкиот индекс НАСДАК порасна за 1,1 насто, С и П 500 порасна за 0,6 насто, а индустриската берза Даѕ Џоунс ослабна за 0,2 проценти.
Слични новости
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе шест мерки за стабилизација на пазарот на енергентите
Меѓу мерките се ослободување на 100 милиони барели нафта и дизел во наредните четири месеци, како и отварање стратегиски дијалог за европските рафинерии, чија цел е намалување на цените.
ММФ со благо зголемување на прогнозата за раст – влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот ќе се шири како „бавно цунами“
ММФ сега очекува цените на нафтата во текот на годинава да се зголемат за речиси 41 отсто, на просечно 96 долари за барел, што би ја зголемило глобалната инфлација на 4,7 отсто во 2026 година, од 4,1 отсто минатата година.
Банката на Америка ги кршела правилата околу перењето пари
Министертсвото за финансии на САД објави дека Банката на Америка е казнета со над 1,2 милијарди долари поради кршење на законот за спречување на перење пари


