Американските акции главно бележат пад под влијание на новиот пораст на приносот на американската државна обврзница, која достигна високи износи.
Индексот „Дау Џоунс“ загуби 142 поени, односно 0,3 насто, додека технолошката берза на акции „Насдак“ остана речиси непроменета, пренесе Си-Ен-Би-Си. Најголема загуба има финансискиот индекс кој загуби 0,5 насто.
Приносот на американската 30 годишна обврзница порасна на 5,61 насто што е највисоко ниво од јуни 2002 година, додека приносот на десетгодишната обврзница се зголеми на 5,28 насто.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.