Синдикатот на американските актери кој ги претставува американските филмски и телевизиски глумци, неделава треба да го преиспита прелиминарниот договор со филмските студија и стриминг сервисите.

Новиот договор кој беше постигнат во саботата ќе трае четири години, а клучните теми се регулација на употребата на вештачка интелигенција во креирањето на дигиталните ликови, како и подобрување на надоместоците за филмските работници за репризите на содржините.

Доколку актерите го потврдат договорот американската филмска индустрија би го избегнала повторувањето на големите штрајкови од 2023, кои донесоа големи пореметувања на продукцијата во Холивуд.

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.