Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цената на нафтата нагло ќе падне кога САД ќе поведат во војната против Иран.
Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.
„Се ќе се случи многу брзо, а Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“ изјави Трамп.
Сепак војната на САД со Иран трае од 28 фервуари годинава, а додека траат воените дејства цените на нафтата се во постојан раст.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

