Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна новиот пакет санкции против руската економија, само два дена пред тој да стапи во сила, наведувајќи дека оваа одлука е во национален интерес на САД.
Во извршната наредба која Трамп ја потпиша во петокот навечер, американскиот претседател наведе дека му потврдил на Конгресот оти замрзнувањето на санкциите е во национален интерес на САД, но не ги објасни причините за оваа одлука, пренесува Си Ен Ен.
Блумберг наведува дека Трамп се откажал од спроведувањето на високи царини за руските енергенти бидејќи тоа би ги искомпликувало неговите настојувања да ги намали цените на дизелот пред американските избори на половина од мандатот.
Според мерките кои се сега замрзнати, САД требаше да водеат царина од 100 насто на руската сирова нафта, а санкциите би погодиле многубројни руски ентитети и би наметнаа царини од 500 насто на целиот американски извоз на руски енергетски производи.
Неочекуваната одлука на Трамп уследува една недела откако соопшти дека САД прифатиле да купуваат дизел од Русија, во обид да ги намали цените на дизлеот во САД и покрај фактот дека оваа одлука потенцијално ќе и нанесе штета на Украина во војната со Русија.
Слични новости
Трамп и се закани на Европа со забрана за извоз на дизел
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за забрана на извоз на дизелот од САД поради глобалниот недостиг на дизел и наглиот пораст на цените.
Пентагон испраќа трет носач на авиони на Блискиот исток
Пентагон испраќа трет носач на авиони на Блискиот исток додека американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува идните потези кон Иран, вклучувајќи ја и можноста за продолжување на кампањата на бомбардирање по американските избори за Сенатот и Конгресот.
Иран планира нови правила за минување на бродовите низ Ормутскиот теснец
Иранскиот комитет за национална безбедност соопшти дека управувањето со Ормутскиот теснец ќе биде насочено кон безбедноста и заштитата на националните интереси на Иран. Со овој закон на Техеран му се обезбедува контрола и надзор на влезовите и излезите од теснецот.


