Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна новиот пакет санкции против руската економија, само два дена пред тој да стапи во сила, наведувајќи дека оваа одлука е во национален интерес на САД.

Во извршната наредба која Трамп ја потпиша во петокот навечер, американскиот претседател наведе дека му потврдил на Конгресот оти замрзнувањето на санкциите е во национален интерес на САД, но не ги објасни причините за оваа одлука, пренесува Си Ен Ен.

Блумберг наведува дека Трамп се откажал од спроведувањето на високи царини за руските енергенти бидејќи тоа би ги искомпликувало неговите настојувања да ги намали цените на дизелот пред американските избори на половина од мандатот.

Според мерките кои се сега замрзнати, САД требаше да водеат царина од 100 насто на руската сирова нафта, а санкциите би погодиле многубројни руски ентитети и би наметнаа царини од 500 насто на целиот американски извоз на руски енергетски производи.

Неочекуваната одлука на Трамп уследува една недела откако соопшти дека САД прифатиле да купуваат дизел од Русија, во обид да ги намали цените на дизлеот во САД и покрај фактот дека оваа одлука потенцијално ќе и нанесе штета на Украина во војната со Русија. 

Слични новости

Ескалација во Персискиот залив:  Иран порачува дека преговорите веќе не се опција

Ескалација во Персискиот залив:  Иран порачува дека преговорите веќе не се опција

Иран е во „егзистенцијална војна со Америка“ изјави портпаролот на Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент Хасан Гашгави и потврди дека Техеран ги гаѓал американските воени бродови со балистички ракети.

Иран испука повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и разурнувач

Иран испука повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и разурнувач

Како што пренесува новинската агенција Тасним, Револуционерната гарда наведува дека овие два брода, откако претрпеле оштетувања и од страв од понатамошни напади биле принудени да побегнат од зоната на судирот.