Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна новиот пакет санкции против руската економија, само два дена пред тој да стапи во сила, наведувајќи дека оваа одлука е во национален интерес на САД.
Во извршната наредба која Трамп ја потпиша во петокот навечер, американскиот претседател наведе дека му потврдил на Конгресот оти замрзнувањето на санкциите е во национален интерес на САД, но не ги објасни причините за оваа одлука, пренесува Си Ен Ен.
Блумберг наведува дека Трамп се откажал од спроведувањето на високи царини за руските енергенти бидејќи тоа би ги искомпликувало неговите настојувања да ги намали цените на дизелот пред американските избори на половина од мандатот.
Според мерките кои се сега замрзнати, САД требаше да водеат царина од 100 насто на руската сирова нафта, а санкциите би погодиле многубројни руски ентитети и би наметнаа царини од 500 насто на целиот американски извоз на руски енергетски производи.
Неочекуваната одлука на Трамп уследува една недела откако соопшти дека САД прифатиле да купуваат дизел од Русија, во обид да ги намали цените на дизлеот во САД и покрај фактот дека оваа одлука потенцијално ќе и нанесе штета на Украина во војната со Русија.
Слични новости
Русија со нови напади врз Киев, меѓу повредените има и деца
Во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени обични станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.
Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.
Студентите во Србија влегуваат во изборната трка
Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.


