Мировниот план за Украина што го предложи администрацијата на американскиот претседател Трамп содржи одредби за преполовување на големината на украинската армија и воведување на ограничувања за некои видови оружја, објави новинар на Фајненшал тајмс.
Предлогот и бил доставен на украинската страна, а освен откажувањето на дел од војската и оружјето, предлогот вклучува и Украина да се откаже од Донбас.
Новинарот на Фајненшал тајмс пишува дека планот би претставувал „капитулација за Украина“ затоа што ги исполнува маскималистичките барања на Кремљ.
Зеленски незадоволен од предлогот не сакал за него да разговара со специјалниот американски преговарач Стив Виткоф.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


