Американскиот мировен план, поддржан од претседателот Доналд Трамп, кој се преговара со Русија и Украина, е „добар за двете страни“, соопшти Белата куќа во четвртокот.
Специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и американскиот државен секретар Марко Рубио, „тивко“ работеа на планот еден месец, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит.
„Тој е во тек и се менува, но претседателот го поддржува овој план. Тоа е добар план и за Русија и за Украина и веруваме дека треба да биде прифатлив за двете страни“, додаде Ливит на дневниот брифинг за медиумите во Белата луќа.
„Работиме многу напорно за да го оствариме тоа“, рече таа додавајќи дека Вашингтон „води добри разговори“ со Украина и со Русија за да „разбере на што би се обврзале тие земји“.
Ова е првата официјална потврда од Белата куќа за нацрт-планот за кој украинските претставници претходно изјавија дека Вашингтон му го презентирал на претседателот Володимир Зеленски.
Деталите доставени до франциската агенција AFP од извор запознаен со прашањето покажаа дека тој содржи многу од барањата на Москва, вклучително и откажување од дел од својата територија од страна на Украина и намалување на своите вооружени сили .
Левит одби да даде детали за планот, но рече дека планот ќе биде неповолен за Украина. „Рубио и Виткоф се сретнаа со украински претставници минатата седмица“, додаде таа.
Трамп станува „сè пофрустриран“ од двете страни, но е посветен на завршување на војната, рече таа.
„Знам дека има многу критики, но само би ве потсетила на историскиот успех што Трамп и неговиот тим го постигнаа на Блискиот исток“, рече Ливит, осврнувајќи се на кревкото примирје меѓу Израел и Хамас во Газа.
„Веруваме дека ова е можно со Русија и Украина и работиме многу напорно за да го постигнеме ова“, рече таа.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


