Постигнат е прелиминарен договор специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Москва заедно со американска делегација на разговори за мир во Украина. Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков изјави дека се очекува Виткоф да допатува во Москва следната недела.

Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од рокот што и го постави на Украина за прифаќање на американскиот план за мир и рече дека „рокот за постигнување договор е денот кога се ќе се заврши“.

Тој рече и дека Русија делува како доминантна сила во војната и дека е интерес на Украина да се постигне договор. Трамп нагласи дека преговорите за безбедносните гаранци за Украина се водат со европските партнери.

 

 

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер