Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“.
На сега 62-годишниот Круз му беше врачена наградата за истакната јавна служба, која се доделува на цивили за чинови на херојство или поддршка за морнарицата. Нему оваа седмица му беше врачена наградата од секретарот на американската морнарица Карлос Дел Торо во филмското студио „Longcross“ во Чертси, град југозападно од Лондон.
Актерот, кој е познат по изведувањето на сопствени акциски акробации и е лиценциран пилот на авиокомпанија, ја повтори улогата на поручник Пит Мичел во продолжението на „Топ Ган: Маверик“ од 2022 година.
Дел Торо рече дека тоа „евоцира носталгија кај постарата публика и повторно ја разгоре имагинацијата на помладата публика“. Тој додаде дека улогата на Круз како Маверик во акциониот филм од 1986 година за млад поморски авијатичар кој се обучува во школата за борбено оружје на американската морнарица, исто така позната како Топ Ган, „значително го зголемила бројот на регрутирање“.
Дел Торо, кој се запра во студиото на патувањето во посета на американските сили во Бахреин, му ја врачи наградата на Круз за неговиот „исклучителен и обемен придонес во Одделот за морнарица од 1986 до 2023 година“.
Облечен во темен костум со светло сина вратоврска, Круз по примањето на наградата изјави: „За мене има една вистина во животот – да се води значи да се служи“.
„Тоа го чувствувам во мојата с’рж, а го гледам и кај припадниците на вооружените сили. Ја ценам посветеноста на сите и вистинска чест е да ги претставувам“, рече Круз.
Слични новости
Писмо на Моцарт продадено на аукција за 440.000 евра
Писмо од композиторот Волфганг Амадеус Моцарт од 1783 година е продадено на онлајн-наддавање на приватен европски понудувач за 440.000 евра
Чудата и контроверзии во реставрацијата на катедралата Нотр Дам
Реновирањето на париската катедрала Нотр Дам, кое траеше повеќе од пет години, беше обележано со некои речиси чудесни настани но и со контроверзии, a во прилог на свеченото отворање на катедралата во саботата, неколку клучни моменти ги бележи агенцијата AFP
Фабриката Мирабел кај Салцбург престана да произведува Моцарт кугли
Сопственикот на американскиот бренд Монделез ќе продолжи да ги произведува Мирабел Моцарт куглите, но не е познато каде. Фабриката во Салцбург се затвори поради долгови.