Федералната банка на Њујорк денеска обајви дека индексот на работа во САД паднал на 7,6 во септември од 20,6 во август.
Падот е очекуван, но се очекуваше да не биде понизок од 14,75 и тоа укажува на големо забавување на активности во производниот сектор.
Индексот на просечната работна недела порасна за 10 поени на 17, што е негово највисоко ниво во последните пет години.
Едновремено, инфлаторните пртисоци во САД се засилени, а индексот на цени кои ги плаќаат производителите порасна за пет поени и сега е над четиригодишниот максимум.
Слични новости
Се стабилизира цената на нафтата по победата на Демократите на изборите за Конгресот
Инвеститорите позитивно реагираа на значајниот пад на цената на нафтата поттикнат од очекувањата дека победата на Демократите на изборите за американскиот Конгрес би можела да придонесе за смирување на конфликтите на Блискиот исток
Тојота ја зголеми оперативната добивка за 34 насто, хибридните возила двигател на растот на компанијата
Ова е прв раст на Тојота во последните шест квартали, благодарение на силната продажба на хибридни возила и на слабиот јен, пренесува Ројтерс.
Пропаѓа договорот Трамп-Путин за испорака на руски дизел на САД
Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.


