По турбулентната 2025 година, американската економија ќе зајакне следната година благодарение на даночните олеснувања, помалите неизвесности околу царинската политика, континуираниот раст на инвестициите во вештачка интелигенција и серијата намалувања на клучните каматни стапки на крајот од годината, веруваат економистите.
Според експертите, забрзувањето на растот ќе биде поттикнато првенствено од повисоки поврати на даноци и пониски стапки на данок на доход. Овие мерки треба да ја стимулираат приватната потрошувачка, главната потпора на американската економија, пишува Reuters.
Американските компании добиваат серија даночни олеснувања според „големиот прекрасен закон“ на Трамп, што би можело да го поттикне зајакнувањето на капиталните трошоци, кои досега беа концентрирани во сегментите на центри за податоци и вештачка интелигенција, во други области.
„Влијанието на фискалните поттикнувања би можело независно да додаде половина процентен поен или повеќе на растот на БДП во првиот квартал“, верува Дајан Свонк, главна економистка во консултантската компанија KPMG.
Економистите, исто така, предвидуваат дека влијанието на американските царини врз цените ќе достигне врв во првата половина од годината. Доколку потоа се намалат притисоците во цените, како што очекуваат претставниците на американската централна банка, платите ќе можат да ја надминат инфлацијата, што дополнително ќе ги подобри финансиите на домаќинствата.
Корпоративните трошоци за инфраструктура за вештачка интелигенција беа клучна компонента на економскиот раст во 2025 година и веројатно ќе продолжат следната година, бидејќи големите технолошки компании како што се „Amazon“ и „Alphabet“ најавија натамошни инвестиции.
Како резултат на тоа, компаниите очекуваат подобри изгледи наредната година, откако 2025 година беше обележана со стагнација во вработувањето поради строгите трговски политики и антиимиграциските мерки.
„Очекуваме намалувањето на регулаторната несигурност, стимулот од намалувањето на даноците и неодамнешното монетарно олеснување да доведат до зајакнување на економијата во 2026 година“, вели аналитичарот на Oxford Economics“, Мајкл Пирс.
Економијата на САД падна на почетокот од годината по ненадејното воведување високи царини. Просечната царинска стапка на увозот во САД скокна на речиси 17 отсто во 2025 година, од помалку од 3 отсто на крајот на 2024 година, според податоците од Центарот за независни економски истражувања на Универзитетот Јеил.
Економијата се врати на растот во вториот квартал, бидејќи трговската политика стана појасна, а компаниите и домаќинствата се прилагодија на новата ситуација. Економијата дополнително забрза во третиот квартал, на квартална стапка на раст од 1,1 отсто, бидејќи Американците ја зголемија потрошувачката, а компаниите инвестираа многу во вештачка интелигенција.
Економијата на САД падна на почетокот од годината по ненадејното воведување високи царини. Просечната царинска стапка на увозот во САД скокна на речиси 17 отсто во 2025 година, од помалку од 3 отсто на крајот на 2024 година, според податоците од Центарот за независни економски истражувања на Универзитетот Јеил.
Економијата се врати на растот во вториот квартал, бидејќи трговската политика стана појасна, а компаниите и домаќинствата се прилагодија на новата ситуација. Економијата дополнително забрза во третиот квартал, на квартална стапка на раст од 1,1 отсто, бидејќи Американците ја зголемија потрошувачката, а компаниите инвестираа многу во вештачка интелигенција.
Економистите очекуваат растот значително да забави во четвртиот квартал, што го одразува влијанието на шестнеделното затворање на американските федерални агенции што започна на 1 октомври. Влијанието на затворањето ќе биде обратно во првите три месеца од 2026 година, велат експертите.
„Растот во 2025 година беше отпорен и покрај значителните негативни влијанија од трговските и имиграциските политики“, напишаа економистите во јапонската финансиска група Номура, забележувајќи дека негативните влијанија сега се намалуваат, додека монетарните и фискалните политики го поддржуваат растот.
Сепак, американската економија ќе се соочи и со голем број ризици, вклучувајќи го сè послабиот пазар на трудот, постојано висока инфлација и длабоки поделби меѓу претставниците на централната банка кои не можат да се договорат за тоа кој проблем прво да се реши.
Пазарот на трудот во САД постојано слабее оваа година, при што создавањето работни места значително се забавува во споредба со претходната година, а невработеноста се зголемува. Ова е клучната причина зошто претставниците на централната банка на САД конечно се согласија за серија намалувања на клучните каматни стапки во последните месеци од годината. Во ноември, стапката на невработеност беше 4,6 отсто, но економистите предупредуваат дека пресметката не е целосно веродостојна, бидејќи податоците не беа собрани за време на затворањето на федералната влада.
Продолжената висока инфлација би можела да ги ограничи натамошните намалувања на каматните стапки во наредната година.
Иако инфлацијата во третиот квартал беше многу послаба отколку што очекуваа економистите, експертите веруваат дека тоа не ги одразува реалните притисоци врз цените. Според очекувањата на многу функционери, инфлацијата предизвикана од воведувањето царини треба да ослабне до втората половина од следната година.
Граѓаните се загрижени за слабиот пазар на трудот, според најновите податоци од деловната асоцијација и истражувачка организација Конференција борд, според кои перцепциите на потрошувачите за пазарот на трудот паднаа на најниско ниво од почетокот на 2021 година. Како резултат на тоа, некои економисти предвидуваат дека домаќинствата ќе претпочитаат да штедат отколку да ги трошат дополнителните средства што ќе им донесат нови даночни олеснувања.
Иако компаниите би можеле да имаат корист од инвестирањето во вештачка интелигенција ако тоа им овозможи да бидат попродуктивни со помала работна сила, вработените и барателите на работа нема да уживаат во такви бенефиции.
„Очекуваме стапката на невработеност да се стабилизира на 4,5 проценти како што се забрзува вработеноста, поттикната од посилниот раст на финалната потрошувачка“, пишува економистот на Голдман Сакс, Дејвид Мерикл, посочувајќи го понатамошното слабеење на пазарот на трудот како најголем ризик, бидејќи напредокот во вештачката интелигенција би можел дополнително да го забави веќе бавното темпо на создавање работни места.
Слични новости
Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра
Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.
Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини
Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји
Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија
Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста


