Два дрона ја погодија американската амбасада во саудискиот главен град Ријад, според прелиминарните информации од властите објавени рано утрово,

Американската амбасада им порача на своите граѓани веднаш да најдат засолниште и да ја избегнуваат амбасадата до дополнително известување поради напад врз објектот. Исто така, беше издадено известување за засолнување во Џеда и Дахран и беше ограничено секое патување кое не е неопходно до воените објекти во регионот.

Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија.

Министерството за одбрана подоцна соопшти дека дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.

Претходно, Стејт департментот на САД ги повика американските граѓани веднаш да напуштат повеќе од десет земји на Блискиот Исток, вклучително и Израел, поради безбедносни ризици во услови на воената ескалација во регионот.

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.