Амбасада на САД во Македонија: „Можеме да потврдиме дека амбасадорката Агелер е меѓу оние кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука што влијае на околу 30 амбасадори на САД. Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и сме посветени на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи. Амбасадата ќе продолжи да работи нормално во текот на овој процес. “
Од Стејт департментот не ги коментираа промените но соопштија дека се работи за стандарден процес во секоја администрација…Најмногу смени има во Африка, каде се повлечени амбасадорите од 13 земји ..На второ место е Азија со промени на амбасадорите во шест држави..Во Европа, покрај во Македонија, смени ќе има и во Ерменија, Црна Гора и Словачка…
Според Политико, промените се обид за преобликување на американските дипломатски претставништва и поставување кадар, за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на трамп за америка на прво место…..
Агелер беше номинирана за амбасадорка на сад во македонија од администрацијата на џо бајден во мај 2022 година. По процесот на одобрување, таа ги предаде акредитивните писма на 8 ноември 2022 година.
Слични новости
Мицкоски: Владата има внатрешна мобилизација за реализација на Реформската агенда
Имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет денови правиме координација во мојот кабинет за да го следиме статусот на секој чекор, потребен за исполнување на Реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоск
Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за смртта се нецелосни
Родителите на загинате во дискотекат,,Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за причините за смрт на нивните деца не се целосни и бараат дополнителни вештачења
Спречено криумчарење на оружје од Турција во Македонија
Пратката оружје во шлепер со македонски таблички е уловена на „Капитан Андреево“, граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција и најголемиот граничен премин во Југоисточна Европа


