Буџетот на САД оствари поголем дефицит во октомври, при што некои ноемвриски плаќања ги надминаа рекордните царински приходи, објави Министерството за финансии.

Буџетскиот дефицит изнесувал 284 милијарди долари во октомври, што е за 10 отсто поголем отколку во истиот месец минатата година, главно поради префрлањето на околу 105 милијарди долари издвојувања за надомести за ноември за поедини воени и здравствени програми.

Буџетските расходи, вклучувајќи ги и ноемвриските плаќања, достигнаа вкупно 689 милијарди долари, што е за 18 отсто повеќе од минатата година, соопшти Министерството за финансии во вторник.

Приходите на буџетот достигнаа вкупно 404 милијарди долари, нивниот рекорд за десеттиот месец од годината, и се зголемија за 24 отсто во однос на октомври 2024 година.

На приходите во буџетот во голема мера во октомври влијаеле нето царините, кои достигнаа нов месечен рекорд од 31,4 милијарди долари во октомври. Тие се зголемија за речиси 6 отсто на месечно ниво и се речиси четири ипол пати повисоки на годишно ниво.

Без ноемвриските исплати на надоместоци, буџетскиот дефицит во октомври би изнесувал околу 180 милијарди долари, што е за 29 отсто пониско од истиот период минатата година.

Објавувањето на буџетските податоци за октомври, првиот месец од фискалната 2026 година на САД, беше одложено поради 43-дневното затворање на федералната влада, што ги одложи некои плаќања, како што се платите на федералните вработени, изјави функционер од Министерството за финансии.

Министерството нема прецизна проценка за тоа колку буџетските расходи биле пониски поради доцнењето во исплатата на платите, но верува дека намалувањето ќе биде помалку од пет отсто од вкупните буџетски расходи.

Федералниот закон налага сите неисплатени плати и други обврски за време на затворањето на владата да бидат целосно платени кога ќе повторно ќе се воспостави финансирањето, потсетува Reuters.

Независниот институт CBO пресмета на почетокот од месецот дека буџетскиот дефицит на федералната влада во фискалната 2025 година изнесувал 1,8 трилиони долари и е помал за 2 отсто отколку во фискалната 2024 година. Изразено како удел во БДП, тој изнесувал 5,9 отсто и е помал за 0,4 отстотни поени отколку во фискалната 2024 година. Просекот во последните 50 години изнесувал 3,8 отсто од БДП.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица