Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го ангажира крилото на Баерн, 29-годишниот Лерој Сане, кој ќе биде слободен играч бидејќи неговиот договор со баварскиот клуб истекува во јуни, објавија во петокот британските медиуми.

Сане оваа сезона во сите натпреварувања постигна осум гола и даде четири асистенции, а германскиот клуб засега не покажува интерес за продолжување на неговиот договор. Арсенал има корист и од тоа што тренерот Микел Артета работеше со него додека беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Новиот спортски директор на „Топчиите“ Андреа Берта, кој беше многу успешен на таа работа во Атлетико Мадрид од 2017 до јануари оваа година, летово ќе има на располагање 360 милиони евра за засилувања.

И додека Лерој Сане може без обештетување да премине во лондонскиот клуб, многу ќе ги чини потписот на двајца играчи од средниот ред, Бразилецот Бруно Гимараеш (27) од Њукасл и Мартин Зубименди (26) од Реал Сосиедад.

Отштетната клаузула за Зубименди е 60 милиони евра, а уште повеќе би можел да ги чини Бруно Гимараеш, чиј договор со „Страчките“ истекува во јуни 2028 година.

Сепак, Арсенал верува дека со доаѓањето на Гимараеш и Зубименди, конечно би имал тим кој може бурно да се искачи на врвот на Премиер лигата и Лигата на шампионите.

globe

Слични новости

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми