Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција.
На 9. декември Стејт департментот јавно ги назначи поранешниот прв вицепремиер и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Два дена подоцна Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.
„Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја“, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.
На новинарското прашање дали САД ќе помогнат за надминување на проблемот меѓу Македонија и Бугарија, Агелер рече дека ќе го повтори веќе искажаниот став.
„Ние не сме дел од Европската унија. И затоа ние не сме дел од многу од тие дискусии. Но, ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетната, успешната, сигурната иднина на оваа земја е во рамките на Европската унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа“, рече Агелер.
Слични новости
Груби бил приватно во Косово, ќе се врател по завршување на обврските
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби соопшти дека е во приватна посета во Косово, откако вчера на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија.
Три земјотреса регистрирани во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 16.12.2024 година, регистрира три земјотреса во различни делови од земјата
Утрово најстудено на Попова Шапка
Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Крушево е -4, Тетово и Маврово -3, Охрид -2, во Скопје се измерени 2степена, а најтопло е во Гевгелија со 5 степени, соопшти УХМР