Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција.
На 9. декември Стејт департментот јавно ги назначи поранешниот прв вицепремиер и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Два дена подоцна Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.
„Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја“, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.
На новинарското прашање дали САД ќе помогнат за надминување на проблемот меѓу Македонија и Бугарија, Агелер рече дека ќе го повтори веќе искажаниот став.
„Ние не сме дел од Европската унија. И затоа ние не сме дел од многу од тие дискусии. Но, ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетната, успешната, сигурната иднина на оваа земја е во рамките на Европската унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа“, рече Агелер.
Слични новости
Собранието го донесе вториот дел од Законот за задолжување од унгарскиот заем
Собранието со 68 гласови „за“ и 17 „против“, по скратена постапка го донесе Законот за задолжување на Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели
Бројот производи во „новогодишната кошница“ достигна 1.036, расте интересот на фирмите за приклучување кон акцијата
Бројот производи во „новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно денешниот ден достигна 1.036 производи. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, инфомираше меѓу другото министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши
Со европска помош се унапредува образованието на медицинските сестри и на акушерките
Здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4.700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри.