Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција.
На 9. декември Стејт департментот јавно ги назначи поранешниот прв вицепремиер и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Два дена подоцна Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.
„Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја“, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.
На новинарското прашање дали САД ќе помогнат за надминување на проблемот меѓу Македонија и Бугарија, Агелер рече дека ќе го повтори веќе искажаниот став.
„Ние не сме дел од Европската унија. И затоа ние не сме дел од многу од тие дискусии. Но, ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетната, успешната, сигурната иднина на оваа земја е во рамките на Европската унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа“, рече Агелер.
Слични новости
Тошковски: Уапсени четири лица во Струга и Гостивар, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи, подвлече министерот за внарешни работи
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
Постапено е по насока на надлежен јавен обвинител, цениме дека сме во премногу рана фаза за да навлегуваме во детали, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со истрагата во Судскиот совет
Мицкоски во вторник во Брисел: Немаме намера повеќе да правиме отстапки, ќе продолжиме да промовираме европски вредностиМицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во Европската унија