Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција.
На 9. декември Стејт департментот јавно ги назначи поранешниот прв вицепремиер и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Два дена подоцна Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.
„Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја“, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.
На новинарското прашање дали САД ќе помогнат за надминување на проблемот меѓу Македонија и Бугарија, Агелер рече дека ќе го повтори веќе искажаниот став.
„Ние не сме дел од Европската унија. И затоа ние не сме дел од многу од тие дискусии. Но, ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетната, успешната, сигурната иднина на оваа земја е во рамките на Европската унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа“, рече Агелер.
Слични новости
Коалиција „Вреди“: Граѓаните да не западнат во замката на политички манипулации на ДУИ
Коалицијата на Албански партии ВЛЕН најостро ја осудува реториката на предизвикување тензии и поларизација која продолжува да ја користи ДУИ, а која што за единствена цел има да ги прикрие огромните корупциски скандали на високите функционери на оваа партија, велат од ВЛЕН.
ЗНАМ утре до сите парламентарни партии ќе понуди Национална платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија официјално утре до сите парламентарни политички партии ќе понуди Национална платфрома за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии, објави денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски на Свечената академија што се одржа по повод една година од постоењето на партијата.
Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ цела Македонија врши контроли во ланци на маркети кои согласно законот вршат дејност и во недела, со цел мониторинг на цените на производите кои се опфатени со „Новогодишната кошница“.