Kристијанa Аманпур, една од најпознатите новинарки на „Си-Ен-Ен“, во јуни следната година ќе ја заврши својата 43-годишна кариера во телевизијата.

Аманпур, една од најпрепознатливите меѓународни дописнички на американската телевизија, кариерата во „Си-Ен-Ен“ ја започна како асистентка, а во текот на децениите известуваѓе за војни, конфликти и политички кризи во различни делови на светот.

Нејзината секојдневна емисија „Аманпур“ од почетокот на следната година ќе се емитува еднаш неделно, а во мај ќе престане да се прикажува. Аманпур, која е главна водителка на меѓународната програма на „Си-Ен-Ен“, ќе ја напушти телевизијата во јуни.

До крајот на годинава ќе престане да се емитува и нејзината емисија „Аманпур и компанија“ на јавниот телевизиски канал „Пи-Би-Ес“.

 

Слични новости