Иако во 2016 година објави дека „се повлекува од шоу-бизнисот“, наведувајќи го „заморот од естрадата“ како причина, се чини дека за Аманда Лир таа одлука е минато, бидејќи, по неколкуте успешни театарски и неколку филмски улоги, виталната 79-годишна пејачка и актерка одлучи да се врати на пеењето со својот 23-ти студиски албум, нејзин прв на француски јазик.
Поранешната муза на познатиот Салвадор Дали и диско-икона, особено по хитот од 1978 година „Follow Me“, се враќа на сцената со албумот „Looking Back“, изведувајќи ја истоимената песна со својот длабок глас со специфична боја. Песната зборува за љубови што завршиле и пропуштени можности. Во интервју за новиот албум, таа изјави за AFP дека „љубовните песни што се римуваат со ‘засекогаш’ отсекогаш ме нервирале“.
Вели и дека „отсекогаш сакала да ги изненадува и шокира луѓето и дека со години сакала да снима музика на француски јазик“. Објаснува дека сега одлучила да го стори тоа благодарение на неодамнешната реклама за „Chanel“ во која нејзиниот стар хит „Follow Me“ беше искористен како музичка заднина, поради што нејзината издавачка куќа одлучи да ѝ дозволи да сними албум на француски јазик.
Не сакала да снима сентиментални љубовни песни што се римуваат со „засекогаш“ на нејзини години, што успешно го чуваше во тајност долго време, но сега претпочита да се осврне назад и да размислува за минатите средби, љубовници, пропуштени состаноци и авантури за една ноќ. Како што самата вели – „без ни трага од тага, само допир од меланхолија“.
Постои и можност да настапи во живо на концерт во „кабаре стил“, особено, како што рече, со оглед на нејзините години. Неодамна заврши со снимањето на нов филм од Рубен Алвес во Лисабон, иако нема нови планови.
По совет на Дали, раскажа таа, ја чувала мистриозноста во однос на својата посебност и никогаш не ја вознемирувале озборувањата за нејзиниот пол односно „родов идентитет“
„За уметниците треба да се зборува. Тие треба да бидат опкружени со одредена мистерија… Бидејќи тоа ја буди љубопитноста кај луѓето. Колку повеќе луѓе зборуваа за тоа, толку поинтересна им станував. Или, како што рече Оскар Вајлд – најлошото е кога воопшто не зборуваат за тебе. Напротив, важно е луѓето да зборуваат за мене. Па, денес насекаде гледате трансродови луѓе. Трансвестизмот е во мода, како што може да потврди фактот дека Брижит Макрон и Мишел Обама, па дури и Лејди Гага, се негови жртви. Лудо е што госпоѓа Макрон мора да се оправда пред американскиот правосуден систем. Никогаш не сум поднесувала и не би поднесла обвиненија, бидејќи колку повеќе протестирате, толку повеќе гласини охрабрувате, кои потоа се шират натаму“, заклучи виталната Лир.
Слични новости
Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години
Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди
Скарлет Јохансон во завршни преговори за да игра во новиот Бетмен
По четири години кога за последен пат играше во филм со стрип јунаците на Марвел Скарлет Јохансон е на чекор да се врати во Готам. Како што известуваат холивудските медиуми, таа е во завршни преговори за да игра во Бетмен 2, секвелот на хитот на Мат Ривс од 2021
Лондонската божикна елка која традиционално ја поклонува Норвешка, вечерва ќе биде осветлена на Трафалгар
Елката симболизира пријателство меѓу Лондон и Осло во церемонија која потсетува на историјата на сојузништво меѓу двете земји. Овогодишната елка наречена „Вечниот Осло“ е висока околу 20 метри и е стара 60 години.


