Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.
Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите.
Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.
Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.
Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите.
Слични новости
СДСМ : Мицкоски панично ја брани Алта банка
СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски дека панично ја брани Алта банка и бара од обвинителот Ненад Савески веднаш да постапи по кривичната пријава што партијата ја поднесе против гувернерот на Народната банка Трајко Славески.
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот
На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.
Македонија бележи пад на стапката на убиства
Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Ова покажува тренд на намалување на убиствата во Македонија која во 2014 имала 1.21 убиство на 100.000


