Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.
Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите.
Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.
Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.
Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите.
Слични новости
Објавена нова граѓанска обврзница од 100 милиони денари
Министерството за финансии објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.
Во сабота протест во Охрид против насилството врз жените
На 21 ноември, сабота, од 12 до 14 часот во Охрид ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство и институционалното непостапување.
ВРЕДИ до Ахмети: Наместо „Отворен Балкан“, приоритет треба да бидат Косово и Албанија
Коалицијата ВРЕДИ упати остри критики до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговите ставови за регионалната соработка и концептот „Отворен Балкан“.


