Првопласиран тенисер во светот на најновата АТП листа е Шпанецот Карлос Алкараз, кој го презеде приматот од Италијанецот Јаник Синер кој загуби 1500 бодови што ги имаше со освојување на завршниот турнир минатата година. Алкараз сега има 11.050 бодови, а Синер има 10 000 бодови.

Трет на листата е германскиот тенисер Александар Зверев, а со освојување на турнирот во Атина Новак Ѓоковиќ се искачи на четвртото место на АТП листата. Сепак, Ѓоковиќ објави дека нема да учествува на завршниот мастерс во сезоната на кој играат првопласираните осуммина, а неговот место ќе го заземе Лоренцо Музети кој е деветти.

Останатите четворица кои ќе играат на завршниот мастерс се Бен Шелтон, Тејлор Фриц, Алекс де Минаур и Феликс Оже-Алиаисам кои се пласирани од 5-тото до 8-то место н АТП листата.

 

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа