Али Ахмети останува на кормилото на ДУИ и во говорот во кој наведе дека партијата се залага за унитарен карактер на државата, независно и неселективно правосудство и за враќање на доверба во институциите предложи проширена примена на Бадентер во Собранието при избор на влада и во Уставниот суд.
Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа, рече Али Ахмети во говорот на Конгресот.
Во таа насока, тој предложи три клучни мерки кои обезбедуваат правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во духот на Рамковниот договор од Охрид.
Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници, а истото да важи и за Уставниот суд.
Конгресот на ДУИ доаѓа по два изборни циклуси во кои имаат поголем број на гласови од ривалот во албанскиот корпус, но останаа и надвор од владата и без градоначалнички позиции во големи општини кои ги држеа со децении.
Слични новости
Нека одлучи Уставниот суд, смета Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива
Идната седмица првиот состанок со странските експерти за случајот што го обзнани интервентниот кардиолог Кедев
Следната седмица треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев
СДСМ: Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна ниту случајна, соопшти СДСМ, оценувајќи дека станува збор за опасен обид за директен удар врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата


