Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска во Македонија ќе има средба со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.

Советот на Европа е посветен на промоција на човековите права, владеењето на правото и демократијата.

 

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.