Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Брисел имаше состанок со високата представничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и наведе дека со неа имал отворен и тежок разговор.

„Разговаравме за европскиот пат на Србија, а високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност зборуваше за неопходноста да се воспостави дијалог со Приштина, решавање на случајот во Бањска и воведување санкции врз Руската федерација.

Одговорив во согласност со политиката и интересите на Србија“, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи.

 

Вучиќ кој престојува во Брисел, имаше средба и со преговарачот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, а ќе присуствува на неформаланата заедничка вечера со другите лидер на Западен Балакан што ја приредува новиот претседател на Европскиот совет Антонио Кошта, пренесе Танјуг.

Слични новости

Калас, по средбата со Вучиќ и Курти, ја поздрави подготвеноста за соработка во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец

Калас, по средбата со Вучиќ и Курти, ја поздрави подготвеноста за соработка во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец

„Денеска се сретнав со Вучиќ и Курти. Единствениот пат за членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на Охридскиот договор. Ја поздравив подготвеноста за целосна соработка по неодамнешниот терористички напад. Извршителите мора да се соочат со правдата“, напиша шефицата на европската дипломатија

Годишната стапка на инфлацијата во Турција во ноември падна на 47 насто

Годишната стапка на инфлацијата во Турција во ноември падна на 47 насто

Годишната стапка на инфлација во Турција во ноември падна на 47,09 насто од октомвриските 48,58 насто, објави денеска Турскиот институт за статистика Туркстат. Станува збор за шести по ред пад на меѓугодишната инфлација во Турција која сега е најниска од јуни 2023.

Мицотакис: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

Мицотакис: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

Немавме многу успех во носењето одлуки, но сега е време вистински да одиме напред. А новата Европска комисија и претседателката Урсула фон дер Лајен, верувам дека се целосно согласни и препознаваат дека е дојдено време за храбри акции, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за CNN, говорејќи за иднината на Европската унија